За членови на УО на ЈП за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Северна Македонија Владата ги именува: Ветон Мурати (дипломиран економист), Владо Неданоски (дипломиран професор по спорт и физичко образование, м-р по безбедносни науки), Никола Рилак (дипломиран информатичар), Зоран Саздовски (педагошки факултет).
Владата донесе одлука да му предложи на УО на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта да го разреши актуелниот директор Љујзим Фејзулаи заради неисполнети обврски од програмата за работа и заради слаби резултати и на негово место да го именува Нефрус Челику.
Владата ја констатираше оставката на Иљми Селами од должноста член на Одборот на директори на АД Водостопанство на Република Северна Македонија, во државна сопственост, а за член на Одборот на директори на АД Водостопанство го избира Васко Стефанов (дипломиран инженер по индустриска логистика и магистрант на Факултетот за Природни и Технички Науки).
За членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, на предлог на организациите регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации, Владата ги именуваше: Наташа Бошкова за областа „Заштита на маргинализираните лица“ од Коалицијата сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници Маргини Скопје, и Снежана Трпевска за областа „Медиуми и информатичко општество“ од Здружението на новинарите на Македонија Скопје.
Понатаму, од должноста в.д. директор на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија, денеска е разрешен Арбен Виља, а Дејан Павлески (дипломиран инженер по електротехника), е именуван за в.д. директор на оваа Агенција.
Од должноста член на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој денеска е разрешен Александар Стефановски и поради истек на мандатот на претседателот и 5-те членови на Управниот одбор, за членови Владата ги именуваше: Моника Јованова (дипломиран преведувач и толкувач од албански на македонски јазик и обратно), за период од три години; Пиштар Љутфиу (м-р од областа на политичките науки), за период од три години; Калина Лечевска (доктор на социолошки науки), за период од три години; Бранко Ничота (дипломиран Инженер по електротехника), за период од три години; Димитрија Анѓелковски, за период од две години; Синиша Вељановски (дипломиран правник и м-р по меѓународно право и меѓународни односи со положен правосуден испит) за период од две години; и Дритон Зибери, за период од две години.
Владата денеска ја разреши од должноста Славица Тодорова, директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, орган во состав на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и го назначи Милутин Станчиќ, професор по македонска и јужнословенска книжевност и српски јазик на Филолошкиот Факултет во Скопје за директор на оваа Управа.
На оваа седница, Измит Нура е разрешен од должноста заменик директор на Агенцијата за млади и спорт и за заменик директор е именуван Авни Рустеми.
Аљајдин Хавзиу, е разрешен од должноста директор на Државниот инспекторат за труд и на таа позиција е именувана Јована Тренчевска, дипломиран социолог и м-р по социолошки науки.
Владата ја прифати оставката на Сафет Емрули, и го разреши од должноста директор на Државниот завод за индустриска сопственост, на негово барање и го именуваше Горан Герасимовски, дипломиран социолог и м-р по менаџмент на човечки ресурси за в.д. директор на Државниот завод за индустриска сопственост.
Владата ја прифати оставката на Осман Шукриу и го разреши од должноста заменик на директорот на Агенција за иселеништво на Република Северна Македонија, на негово барање и го именуваше Измит Нура за заменик на директорот на Агенција за иселеништво.
На денешната седница Фејзула Спахија е разрешен од должноста директор на Државниот инспекторат за животна средина и на оваа должност е именувана Ана Петровска.
Владата го разреши Анте Поповски од должноста в.д. директор на Агенција за квалитет и акредитација на здравствените установи, и ја именуваше Калтрина Беќири, доктор на стоматологија за вршител на должност директор на Агенција за квалитет и акредитација на здравствените установи.
Владата денеска го именуваше Авдуљ Селам Селами, дипломиран правник за вршител на должност заменик на директорот на Управата за јавни приходи, а Ремзи Абдулахи, дипломиран правник за вршител на должност заменик на директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
Џезми Салиу е разрешен од должноста директор на Управата за животна средина, и на оваа позиција е именувам Хисен Џемаили, м-р по менаџмент на животна средина за вршител на должност директор на Управата.
Владата на Република Северна Македонија заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација (М – НАВ) АД Скопје, за член на Управниот одбор да го избере Фахрудин Хамиди (м-р по бизнис менаџмент).
Со заклучок од оваа седница на Надзорниот одбор на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје му е препорачано, од должноста член на Управниот одбор на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје да го отповика Орхан Муртезани, а за член да го избере Аднан Азизи (дипломиран на Филолошки факултет).