1
Владата на денешната седница, која ќе се одржи во 16 часот, ќе донесе одлука за прогласување на седумдневна жалост поради трагедијата во Кочани.
Од Владата посочуваат дека на седницата ќе се донесе и заклучок за итна и вонредна инспекција на сите ноќни клубови, дискотеки и ресторани приредувачи на забави.
Во пожарот во кочанската дискотека, досега загинаа 59 луѓе, а повредени се 152 лица кои се во различни болници ширум државата од кои 18 се во критична состојба. Министерот за здравство, Арбен Таравари рече дека 20 деца ќе се носат на лекување во странство.