Власта прифаќа дел од забелешките за уставните измени, но не се откажува од нив

by Фокус

Парламентарното мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ нема се откаже од намерите да ги истурка уставните измени во отсуство на најголемиот дел од опозицијата во собранието, но ќе прифати и примени дел од сугестиите на Венецијанската комисија, особено за меѓународните финансиски зони.

– Решенијата кои ќе се предложат во предлог-амандманот ќе се движат во насока на тоа дека во Македонија со закон ќе се формираат меѓународни финансиски зони. Со законот за основање на зоната би се уредиле основањето и организацијата на зоната, надлежноста, правата и обврските на органите на управување и регулаторните тела во зоната, начинот на решавање на споровите и прописите со кои се регулираат односите во зоната, како и прописите кои се однесуваат на даночното, договорното и на деловното право – изјави министерот за правда Аднан Јашари, додавајќи дека со закон ќе се регулира спречувањето на перење пари, финансирање на тероризам, даночно затајување.

Поврзани новости