Владата предвиде 2 и пол милиони евра за обезбедување на државни објекти во 3 години

by Фокус

Владата објави оглас за јавна набавка за обезбедување на објекти на државната управа, објектот на МРТВ, Клубот на органи на државната управа, Бирото за судски вештачења и Бирото за метрологија.

Според огласот распишан од страна на владината Служба за општи и заеднички работи, проценетата вредност на набавката што треба да се реализира во рок од 3 години е 2,6 милиони евра без ДДВ, а критериум за добивање на тендерот е најниска ценa.

Договорот предвидува 24/7 внатрешно и надворешно обезбедување, контрола и евиденција на клиенти и вработени при влегување/излегување, контрола на безбедноста на деловниот простор од опасности од пожар.

Поврзани новости