541
Владата ја разгледува идејата во детските градинки низ Македонија да се воведе и втора смена со што децата ќе можат да се згрижуваат во јавните установи и по завршување на работното време. За овој предлог се дискутирало на вчерашната владина седница и било заклучено дека е потребна јавна расправа.
„Владата го задолжи Министерството за труд и социјална политика да ја информира јавноста за овој предлог и да побара мислење од сите засегнати страни за потребата од двосменско работење на градинките“, велат од таму.
Во тек е и реализирање на проект за отворање на народни кујни. Со овој проект неколку општини од земјата се задолжуваат да обезбедат услови, простории за делење храна и транспорт за дистрибуција на храна, информираат од Владата.