Министерот за правда Бојан Маричиќ вели дека пред десеттина дена до Владата стигнало барање од Европскиот суд за човекови права да одговори во врска со апликациите поднесени до Судот поврзани со предметите на поранешното СЈО и оти во овој период државата подготвува стратегија за настап кој, како што рече, ќе биде во одбрана на владеењето на правото и правната држава.
-Ние сме сега во почетна фаза, стигнаа пред десеттина дена апликациите на одговор од Владата. Се уште ги разгледуваме во нашите институции, интензивно работиме и се подготвуваме и не би давал конкретни податоци, што и како ќе се случува. Мислам дека ќе направиме соодветна стратегија која што ќе работи во одбрана на владеењето на правото и правната држава – рече министерот Маричиќ.