Владата почна постапка за избор за универзален снабдувач со електрична енергија

by Fokus

На денешната владина седница била донесена Одлука за почнување на постапка за избор на универзален снабдувач со електрична енергија.

Од Владата велат дека изборот на универзален снабдувач е во согласност со Законот за енергетика, заради остварувањето на правото на домаќинствата и малите потрошувачи поврзани на електроенергетскиот систем на универзална услуга во снабдувањето со електрична енергија.

„Универзалниот снабдувач ќе биде должен да врши снабдување со електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи кои се наоѓаат на подрачјето на кое има обврска да обезбеди универзална услуга и кои избрале да бидат снабдувани од него, во согласност со обврските утврдени со Законот за енергетика и правилата за снабдување. Универзалниот снабдувач, согласно законот, ќе биде должен да обезбеди универзална услуга за период не подолг од 5 години“, стои во владиното соопштение.

Во следниот период, ќе се подготвува тендерската документација и јавниот повик со цел заштита на интересите на граѓаните и малите потрошувачи.

 

Поврзани новости