Новата Клиничка болница во Штип која е во изградба, но со години тапка во место, денеска на првиот работен ден на новата влада ја посетија премиерот Христијан Мицкоски и новиот министер за здравство Арбен Таравари.
Таравари рече дека во најскоро време ќе се направи комплетна анализа на состојбата со изградбата на болницата, ќе се утврдат сите спорни судски и тендерски постапки што биле донесувани во време на претходната Влада и експресно ќе се донесат финансиски и други одлуки за продолжување на работите на овој капитален објект.
Тој призна дека не е многу во тек со случајот иако бил министер во претходната Влада кога веќе биле започнати работите околу изградбата на новиот Клинички центар, затоа што на оваа функција бил кратко време, само 100 дена.и
Ѓцкоски рече дека повеќе години во Штип има мртов објект на кој не се работи ништо, па затоа приоритет на Владата од областа на инвестициите во здравството ќе бидат Клиничките болници во Штип и во Кичево. Тој рече дека на враќањето од Штип по пат ќе разговара со министерката за финансии да се најде решение за сите неопходни финансиски трансакции, со цел да продолжи изградбата на Клиничката болница во Штип како прв приоритет и така, според него, со забрзан чекор по чекор да се решаваат проблемите.