619
Владата планира и државната администрација да работи од дома, со ротации, откри претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски.
Освен мерката за намалување за 10 отсто на платата, која единствено беше соопштена јавно, документот содржи уште неколку точки, меѓу кои и намалување на прекувремената работа за преку 20 отсто во МВР, во Агенцијата за национална безбедност, во Агенцијата за разузнување, откри Деаноски на Телма.
Според него, Владата планира и државната администрација да работи од дома, со ротации. За синдикалците, најспорен е предлогот и, според нив, намерите на Владата да бидат суспендирани или укинати колективните договори со кои се регулираат правата на работниците во одредени сектори.