Владата отвора телефонска линија за директна комуникација со повредените од пожарот во Кочани

by Fokus

Повредените во трагедијата во Кочани и нивните семејства од понеделник на директна телефонска линија – 070 355 526, ќе можат да ги изнесат своите барања и потреби, информира Марија Митева, портпаролка на Владата.

„Ја воспоставуваме новата телефонска линија за директна комуникација, управувана од Канцеларијата на претседателот на Владата, која ќе биде активна од понеделник, 09.06 и ќе функционира непрекинато и достапно за сите повредени и нивните семејства. Телефонскиот број е нов канал за директна комуникација со повредените и нивните семејства“, кажа денес Митева.

Таа додаде дека во првата фаза, ги повикуваат сите повредени и нивните семејства да се јават, да ги изнесат своите барања, предлози и конкретни потреби кои ги имаат.

„Оваа линија нема да биде само контакт – туку жив канал на комуникација, преку кој ќе се одржува дневна, неделна и месечна координација, со редовно информирање, и со персонализиран пристап за секој случај“ додаде Митева.

Владината портпаролка појасни дека преземањето на овие активности е резултат на директна комуникација на терен, особено од страна на работната група за евалуација на повредените, која во изминатиот период работела во непосреден контакт со семејствата и со медицинските тимови

Поврзани новости