676
Македонската влада донела одлука за затворање на почесникот конзулат во италијанскиот град Милано, кој, според официјалните информации од Министерството за надворешни работи, го водел Франческо Пилато.
Истовремено, владата на седница водена од вицепремиерот Кочо Анѓушев на почетокот на месецов донела одлука за отворање на генерален конзулат во Италија, чие седиште ќе биде Милано, чија надлежност ќе биде и за Пиемонте, Ломбардија, Венето, Тоскана…
Воедно, владата донела одлука за отворање и на конзуларна канцеларија во уште еден италијански град – Венеција, додека оваа одлука треба да ја спроведе МНР.