Владата на денешната седница одобри 900 милиони денари, дополнителни финансиски средства за Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година.
Како што соопшти Министерствгото за земјоделство, шумарство и водостопанство, овие средства ќе бидат наменети за да се исплатат финансиски средства за заостанати обврски од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година и тоа за:
– предено млеко кај регистрирани откупувачи и тоа исплата на финансиски средства за период од октомври 2018 година до септември 2019 година,
– предадени овошни култури во преработувачки капацитети,
– предадени градинарски култури во преработувачки капацити,
– финансиска поддршка за органско производство,
– финансиска поддршка за подрачја со ограничени можности, и
– исплата на финансиски средства од останатите мерки.
Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и во услови на криза се грижат за своите земјоделци кои се најбитна алка во процесот на обезбедување на храна и развој на економијата, стои во соопштението од МЗШВ.