Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека на денешната седница на Владата е донесена одлука за спојување на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи со цел поефикасно функционирање на системот за справување со кризи.
– Прв чекор што направивме е донесовме одлука да ДЗС и ЦУК да отпочнат процес на фузионирање, оптимирање прво на кадарот, а второ да имаме една институција која во услови на кризен менаџмент ќе знае како да делува по определени протоколи, рече премиерот по денешната посета на започнувањето на градежни активности за доградба на објектот Изворче во детската градинка Срничка во Аеродром.
Тој посочи дека реформите ќе бидат направени откако ќе се изборат со огнената стихија.
– Ќе седнеме и сериозно ќе се занимаваме со оваа тема за в година ова да не ни се случи, рече премиерот Мицкоски.