Владата „обоена“ со израелското знаме

by fokus

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, вечерва на својот фејсбук профил упати порака со поддршка на израелскиот народ по нападите на Хамас врз Израел.

-Поддршка за Израел во овие тешки моменти. Силно и недвосмислено ги осудуваме терористичките напади на Хамас врз Израел. Нашите мисли се со израелскиот народ, со кој се солидаризираме и сочувствуваме. Апелираме за решенија преку дијалог, на светот му е потребен мир, порача Ковачевски.

Во знак на поддршка на Израел, вечерва, зградата на Владата беше „обоена“ со израелското знаме

Поврзани новости