114
Владата ги објави платите на премиерот Христијан Мицкоски и министрите со цел поголема транспартентост. Овој податок како што објавуваат од Владата е јавен и е достапен за сите граѓани.
Според објавеното, премиерот Мицкоски заработува 140.450 денари, додека сите министри заработуваат подеднакво по 115.540 денари со исклучок на министерот Панче Тошковски на кој му се утврдува зголемување за 20% на платата утврдена за извршување на функцијата. Додатокот на плата се исплаќа согласно решение бр.16-1561/2 од 12.06.2017 година.