Владата не се брза: Кон крајот на неделата ќе разгледува мерки за цените

by fokus

Од почетокот на кризата со цените на дневна основа заедно со Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат и другите надлежни институции, секторот за трговија во Министерството за економија ги следи и цените и ситуацијата, изјави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.

Бектеши, говорејќи во емисијата 24 анализа, рече дека денеска официјално ги добил сите податоци од Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат и утре ќе одржи координативен состанок.

–  Ќе ги разгледаме сите податоци. Во четврток ќе имаме состаноци со Стопанските комори и секторски со трговците на големо и со трговци на мало, и со производители на основни прехранбени производи и кон крајот на неделата ќе одлучиме согласно сите податоци, изјави Бектеши.

Доколку, посочи тој, се покаже дека има манипулации од одредени трговци и самите не ги вратат цените согласно некоја нормална маржа на добивка, тогаш, нагласи тој, државата ќе интервенира за тие да не бидат на грбот на граѓаните.

Влијание, Бектеши рече, дека државата има само за домашните производи, за кои се следат и влезните цени на суровините и производствените цени, додека за увозните производи не може да се влијае, освен во делот на давачките, каде државата целосно се откажа од тие придонеси.

Поврзани новости