Владата направи ребаланс на Буџетот поради „проекти кои се одвиваат подобро од планираното“

by Фокус 21:17
21:17

Владата денеска усвои ребаланс на Буџетот, поради, како што рече вицепремиерот Зоран Ставрески,  одредени проекти кои се одвиваат подобро од што првично планирале. Тој на денешната пресконференција објасни дека се работи за измена која не е голема по обем и која вклучува поместување на позициите таму каде политиките, мерките и проектите на Владата го налагаат тоа без да ги измести основните макроекономски параметри.

-Ребалансот не вклучува кратење на буџетите на ниту еден буџетски корисник, туку претставува поместување на одредени позиции таму кадешто поради одредени политики, мерки и активности треба да се додадат средства или кадешто проектите се одвиваат подобро од што првично сме планирале, рече вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

- Advertisements -

Тој додаде дека појдовните претпоставки за изработка на ребалансот вклучуваат и ревидирање на проекциите за БДП и за движењето на приходната и расходната страна. Растот на БДП за 2015 година е ревидиран на 3,5 процентен раст, а буџетскиот дефицит ќе изнесува 3,6% од БДП.

 

Поврзани новости