106
Владата на денешната седницa донесе Одлука за прераспределба на средства од Буџетот за 2023 година во износ од 30 милиони денари за реконструкција на спортска сала „Работнички“ – Градски парк, општина Центар, во Скопје.
Како што информираат од Владата, прераспределбата на средствата е конкретно од Агенцијата за млади и спорт кон Општина Центар.
-Станува збор за 30.000.000 денари, што согласно владината одлука, се наменети за реконструкција на спортска сала „Работнички“ – Градски парк, општина Центар, во Скопје. Задолжена е Агенцијата за млади и спорт, средствата да ги префрли на посебна наменска сметка на Општина Центар“, се наведува во соопштението.