„Владата на Заев не е соборена“, пишуваат српските медиуми

by fokus

Пропадна обидот на опозицијата за уривање на Владата на Зоран Заев“, „Северна Македонија: Без гласање за доверба на Владата, недостасува кворум“, „Како пропадна обидот на опозицијата за уривање на Владата на Зоран Заев: Еден пратеник не дојде во Собранието…“, „Владата на Заев не е соборена, опозицијата тврди дека власта киднапирала пратеник“, „Пропадна гласањето недоверба на Владата на Северна Македонија, се останува исто“…, се главни денешни наслови во српските медиуми по синоќешната политичка разврска во Собранието во Скопје, јави дописникот на МИА од Белград.

Како и сите изминати денови по локалните избори и оставката на премиерот Зоран Заев, српските медиуми, секојдневно ја информираа јавност за „можноста за паѓање“ на коалициската Влада на Заев и комбинаториките околу политичката разврска за нова влада или нови парламентарни избори, а вчера немаше медиум кој детално, од час на час, до доцна во ноќта, не ги пренесуваше политичките збиднувања поврзани со гласањето недоверба на Владата во Собранието.

Поврзани новости