Владата на СДСМ го разреши Сашо Стефановски од директорската позиција во Фондот за здравствено осигурување и на негово место го назначи Ден Дончев.
Дончев е поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, при што беше и генерален секретар на партијата откога нејзин претседател стана Никола Груевски во 2003 година.
Подоцна, тој се разиде со Груевски и му се приклучи на Љубе Бошкоски во Обединети за Македонија, а на последните избори беше носител на пратеничката листа на коалицијата на ОМ, ВМРО-НП и Достоинство во првата изборна единица.
Неговото назначување на оваа значајна функција доаѓа како резултат на неговата лична релација со лидерот на СДСМ Зоран Заев, но истовремено значи влез на коалицијата „ВМРО за Македонија“ во владата.
Веќе поранешниот директор на ФЗОМ Стефановски неодамна беше назначен за претседател на општинскиот на ВМРО-ДПМНЕ во Центар, поради што многу медиуми го споменуваат како можен партиски кандидат за градоначалник на Центар на претстојните локални избори.