После 66 дена рестриктивни мерки во државата имаме полоша здравствена и економска состојба од таа која ја имавме на моменти кога се воведуваа овие мерки. Ова подразбира дека системот не функционира, а владата не ги презема најефикасните методи за заштита на стандардот и здравјето на граѓаните, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес конференција.
– Денес нема да зборувам за здравствената состојба тоа ќе го препуштам на стручните лица од таа област. Но ќе говорам за економијата каде добиваме се позагрижувачки податоци. Од она што досега можеме да видиме е дека со првите два пакети на мерки не се помогна на бизнисот. Тие мерки се недоволни. Ненавремено преземени, а сето ова го потврдува и слабата половична и потпросечна искористеност. Повеќето средства отидоа кај големи компании додека средните и малите бизниси едвај преживуваат. Што се однесува до третиот пакет на мерки тоа е магла која владата ја сее пред избори. Тие говорат за пари, за средства кои не можат да ги исплатат и истите имаат манипулативна природа. Создаваат надежи кои не се во состојба да ги реализираат и од тука има една тажна но реална порака која секој бизнисмен ја разбира и си има работа со владата на Заев и Спасовски, а тоа е дека вистинска помош нема – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека заеднички за сето ова е дека владата троши пари. Но граѓаните и бизнисот не гледаат никаков бенефит од сето тоа. Парите се потрошија непродуктивно. А, нема ниту една компанија која е задоволна. Ниту еден единствен стопанственик кој објективно ќе го пофали ангажманот на владата. И состојбата не се подобрува, а тоа го говорат и најновите податоци кои ќе ги презентирам денес.
Мицкоски рече дека вчера министерството за финансии го објавил Извештајот кој што опфаќа реализација на Буџетот во првите 4 месеци т.е. периодот први јануари – 30-ти април, 2020-тата година. Кога се уште ефектите од вирусот ковид–19 или корона пандемијата не се видливи во економијата.
– Ќе започнам најпрвин со дефицитот кој што изнесува рекордни ќе потсетам рекордни 200 милиони евра или од прилика нешто повеќе од 12 милијарди денари. Како е тој дистрибуиран по месеци, во месеците јануари 20 милиони, во месеците февруари – март 50 милиони, и рекордни 80 милиони евра во месецот април. Тоа е доволен показател дека владата немала ниту во момент намера да помогне на граѓаните и бизнисот туку единствена цел била поткуп т.е. обид за поткуп и милост од граѓаните да го заборават сето она кое што беше погрешно направено изминативе три години пандемија под раководство на СДСМ и Зоран Заев.