Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја возобнови и подобри мерката “Купи куќа за млади”, илјадници млади ќе стигнат полесно до свој дом, соопшти опозициската партија.
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе има проактивен пристап во градење на услови за останување на младите во Македонија, од креирање на подобра бизнис клима, систем на владеење на право до политики и мерки кои ќе го олеснат процесот на младите за стекнување на сопствен дом.
Мерката “Купи куќа за млади” која во минатото даде големи резултати, ќе се обнови, но и подобри. Целта е илјадници млади да дојдат до свој дом, да го градат семејството во Македонија и да живеат и творат тука“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што додаваат, преку мерката “Купи куќа за млади” се дава сигурност на младите дека Македонија мисли на нив и дека им овозможува услови за добар и просперитетен живот.
„ВМРО-ДПМНЕ ќе ги има младите и луѓето на прво место, за Македонија повторно твоја. Промените се во твои раце“ порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.