Владата на следната седница ќе го разреши целото раководство на М-НАВ

by Fokus

Работите во Македонската навигација ескалираа со денешниот упад во институцијата и напад на тројца вработени, па Владата најави дека на наредната седница ќе биде предложена и донесена одлука за разрешување на целото раководство, како и на сите членови на Управниот одбор на М-НАВ.

На наредната владина седница, која е закажана за 9 јануари, покрај одлуката за разрешување на актуелната раководна постава на М-НАВ, се очекува да биде донесена одлука за отворање итна постапка за избор на нови членови на раководството и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес.

Сето ова е на иницијатива на премиерот Димитар Ковачевски, во консултација со министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Во владиното соопштение се вели дека Ковачевски ќе го повика Јавното обвинителство, ДКСК, Државниот завод за ревизија, Финансиската полиција и меѓународните тела за контрола на авио-сообраќај да направат целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ.

Инаку, доцна синоќа МВР ја извести јавноста дека во полициска станица се четири лица инволвирани во нападот врз вработени во МНАВ и со нив се вршат службени разговори, по што во координација со ОЈО ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Исто така, се преземаат мерки за пронаоѓање на уште четири лица.

Поврзани новости