Владата на Џонсон го „преживеа“ гласањето за доверба

by fokus

Владата на британскиот премиер Борис Џонсон синоќа го „преживеа“ гласањето за доверба што самата го свика.

Членовите на владејачката Конзервативна партија ги поддржаа министрите за да избегнат распишување избори.

Опозициската Лабуристичка партија побара Џонсон, кој рече дека ќе се повлече, веднаш да биде сменет како привремен лидер додека Конзервативната партија не го избере неговиот наследник на почетокот на септември.

Лабуристите се залагаа и за гласање за доверба на владата и на Џонсон за да се обидат да го соборат што е можно поскоро, но владата се спротивстави, велејќи дека тоа е непотребно бидејќи премиерот веќе кажал дека ќе замине.

Конзервативците наместо тоа предложија гласање за доверба на владата, што таа го „преживеа“ со 349 гласа „за“ и 238 „против“.

 

Поврзани новости