431
Владата на Австрија подготвува ново попуштање на епидемиолошките мерки и планира од 1 август да го укине карантинот за заразените со коронавирус.
Иако на тоа се спротивставија лекари, но и властите на градот Виена, се подготвува уредба со што карантинот ќе биде укинат и ќе биде заменет со обврска инфицираните со Ковид-19 постојано да носат маска, без разлика дали се на работа или во дискотека.
И покрај новиот рекорден раст на заразени лица, канцеларот Карл Нехамер и министерот за здравје Јоханес Рауч подготвуваат нова уредба за Ковид-19 што содржи укинување на карантинот.
Според уредбата, заразените само на отворено не мора да носат маска и тоа таму каде што може да се држи физичка дистанца од два метра.