434
Министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес-конференција информираше дека Владата ќе забрани увоз на руска нафта во Македонија.
Како што додаде тој, Владата ќе ја почитува санкцијата од ЕУ кон Русија и се чека протоколарно тоа да биде сторено од неговиот колега, Бујар Османи.
„Како влада политиката е да ги следиме сите санкции кои ги носи Европската комисија, генерално Европската унија тие се нашите стратешки партнери и така најверојатно и ќе продолжиме“, рече Бектеши.