403
На денешната владина седница, меѓу другото, ќе се разгледува и информација за статусот на реализација на Рамковниот договор.
Покрај тоа, од владата информираа дека ќе бидат презентирани информации за користењето и имплементацијата на фондовите на Европската Унија, како и прегледот за степенот на реализацијата на приоритетите на Република Македонија за влезот во НАТО.
На крајот, Владата на денешната седница ќе донесе и одлуки и за некои кадровски прашања.