394
На денешната седница, владата донесе одлука во најкус можен рок да направи ревизија на договорот за изградба на нов Клинички центар. За таа цел, владата го задолжи министерот за здравство Арбен Таравари да изготви информација со сите детали за Клиничкиот центар.
За Владата е спорен бројот на клиниките и цената за изградба на новиот Клинички центар која достигна над 80 милиони евра. Договорот го потпиша техничката влада на само неколку дена пред заминувањето. Потпис на договорот за изградба на нов клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје ставија вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров и претставници на компаниите Гранит, Бетон и италијанската ИНСО системи на 19 мај годинава.