511
На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, Владата на денешната седница ја прифатила информацијата за единствен веб портал за отворени податоци.
На веб порталот, како што е наведено во соопштението од владината прес-служба, ќе бидат објавувани каталози на отворени податоци на сите министерства и истите ќе бидат достапни секому.