473
Владата на својата редовна 101-ва седница ја усвои и информацијата за набавка, користење и одржување на монтажни лизгалишта во Република Македонија.
Агенцијата за млади и спорт е задолжена да обезбеди пет монтажни лизгалишта и согласно Законот за јавни набавки да спроведе за нив постапка за јавна набавка, како и да подготви интерен акт во врска со условите, користење и одржување на монтажните лизгалишта од страна на корисниците.