717
Владата на Република Северна Македонија на денешната седница реши да му достави предлог на претседателот Стево Пендаровски во кој се оценува дека за успешно справување со корона вирусот потребна е вонредна состојба во државата.
– Владата на Република Северна Македонија на денешната 41-ва седница донесе заклучок да достави предлог до Претседателот на Република Северна Македонија со извештај за досега преземените активности од државните институции, со кој се аргументира дека за успешно справување со корона вирусот во државата е потребна вонредна состојба, се наведува во соопштението од денешната владина седница.