Владата ќе ја преиспита одлуката за за спојување на концесиите за рудникот, изјави Тренчевска

by fokus

Владата во координација со премиерот и министрите ќе ја преиспитаат одлуката за спојување на двете концесии и ќе побарат дополнителни информации од надлежното министерство. Заштитата на животната средина, здравјето на луѓето и развојот на земјоделието се приоритети на СДСМ, изјави министерката за труд и социјална политика и претседателка на Форумот на жени на СДСМ, Јована Тренчевска која присуствуваше на денешниот протест против изградба на рудници.

-Владата предводена од СДСМ и надлежните институции нема да дозволат отварање на рудник во Иловица, без консултација и одобрение од граѓаните, од локалното население, без запазување на целата постапка и без исполнување на сите стандарди за животна средина согласно постојното законодавство, усогласено со европското.

Струмичкиот регион е земјоделски крај. Струмичкото плодно поле е извор на егзистенција на илјадници семејства. Владата преку политиките и програмите на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство покажа и докажа како треба да се поддржи земјоделието и земјоделците, рече Тренчевска.

Граѓаните организирани од неколку организации денеска излегоа на протест против одлуката на владата да ги спои концесиите и да дозволи да профункционира рудникот „Иловица“.

Поврзани новости