555
Новата влада, која беше изгласана во неделата, денеска напладне ќе ја одржи првата конститутивна седница, соопштија од владината прес-служба.
„На првата конститутивна седница се очекува да бидат разгледани предлозите за определување заменици на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, предлозите за именување на претседатели и членови на основните комисии на Владата, како и предлозите за именување на претседатели и членови на посебните комисии“, велат од Владата.