411
Заврши состанокот помеѓу генералниот секретар на Владата и претставниците на Државниот правобранител. На истиот е постигнат договор за обесштетување на осудените во случајот „Сопот“, пренесува „Алсат-М“.
Според информациите на телевизијата, наредните денови Економската комисија ќе го процесуира предметот, а наредниот вторник се очекува договорот да добие согласност од Владата.