442
Владата на денешната седница ја прифати информацијата на министерството за труд и социјална политика за изградба на центар за деца со аутизам.
Центарот ќе биде во дворот на Заводот за рехабилитација за деца и младинци, во населбата Топанско Поле во Скопје.
Од Владата велат дека изградбата на Центарот за деца со аутизам е со цел зголемување на капацитетот за опфаќање на децата со аутизам.