На предлог на Министерството за надворешни работи, се очекува Владата да го разреши Џејсон Мико од позицијата почесен конзул на Македонија во Тусон, Аризона, САД , на која беше именуван во 2013 година, дознава БИРН.
Како отворен лобист за интересите на ВМРО-ДПМНЕ, Американецот Џејсон Мико пишуваше колумни во „Дневник“ се до затворањето на весникот и неговите колумни ги преземаа и цитираа медиумите под капа на ВМРО ДПМНЕ. Во колумните се потпишуваше како „менаџер за односи со јавноста од Аризона (САД) и долгогодишен набљудувач на состојбите во Македонија и во југоисточна Европа“.
Но, неговиот ангажман вклучуваше и консултантски услуги за кои беше платен од буџетот. БИРН дојде до два договори со кои Министерството за одбрана го ангажира Мико во 2015 и 2016 година за интелектуални услуги во вкупна вредност од 17 илјади 875 американски долари