468
Министерството за надворешни работи денеска на седница на Владата ќе достави предлог за затворање на Почесниот конзулат на Република Македонија во Кралството Шпанија, со седиште во Барселона и предлог за отповикување на почесниот конзул на Република Македонија во Кралството Шпанија, со седиште во Барселона, соопшти владината прес служба.
Оваа функција ја извршува Марио Деус, а јавноста за него дозна во април годинава, кога во шпанските и во други странски медиуми се појави информација дека тој е уапсен во Јужна Африка, осомничен за убиство на неговите две деца, тригодишни близнаци.