Владата ќе ги замрзне цените на основните производи

by fokus

Владата наскоро ќе ги замрзне продажните цени на основните прехранбени производи, пред сѐ – брашно, шеќер, ориз, маслото за готвење, а можеби и на месото, најави министерот за економија Крешник Бектеши.

Подготвен е предлог што утре или во вторник ќе биде доставен на разгледување до Владата.

-Секторот за трговија при Министерството за економија веќе ги направи пресметките во делот на зголемување на цените, за основните продизводи.

Предлогот е веќе подготвен и во сабота или во вторник ќе биде испратен на разгледување во Владата и најверојатно и Северна Македонија ќе донесе одлука за замрзнување на продажните цени на основните прехранбени производи, лебот, млекото, брашното, шеќерот, зејтинот, а можеби и месото, рече Бектеши во интервју за емисијата „Трилинг“ на ТВ 24.

Ваква одлука на 30 ноември веќе донесе соседна Србија.

Одлуката, која ќе се применува за период од 60 дена, предвидува и производителите да не смеат да ги испорачуваат овие производи во количини помали од просекот во последните 12 месеци.

За непочитување на наведените одредби предвидени се парични казни во износ од 100 000 до два милиони динари, како и забрана за вршење дејност во период од шест месеци до една година.

Поврзани новости