Владата ќе потроши уште 100.000 евра за „лов“ на странски инвеститори

by Фокус

Откако владата потроши неколку милиони евра за медиумски кампањи за привлекување на странски инвестиции, сега ангажираше и хрватска компанија за да и помогне да се усоврши во ловот на странски инвеститори.

Па така, Генералниот секретаријат на Владата, склучи договор со хрватската фирма „Мекинзи енд Компани“, тежок 100.000 евра.

„Набавка на консултантски услуги за спроведување на длабинска анализа на воспоставениот систем за привлекување на странски директни инвестиции во Република Македонија и изготвување на студија со предлог мерки за подобрување на системот“, се наведува во склучениот договор, кој беше објавен на сајтот на Бирото за јавни набавки.

 

Поврзани новости