Владата ја зголемува транспарентноста околу итните јавни набавки

by Фокус

Владата денес усвои информација за зголемување на фискалната транспарентност поврзана со кризата КОВИД-19, поради зголемениот број на интервентни и итни јавни набавки, воспоставување на фондови за донации од правни и физички лица од земјата и од странство и користење на средства од меѓународни извори за справување со последиците од кризата КОВИД-19.

„Целта е јавноста да биде информирана за приходната и расходната страна на средствата кои се слеваат во Буџетот на РСМ, како и евиденција на сите нефинансиски донации добиени како помош, а се наменети за справување со кризата КОВИД-19. Реализацијата на фискалната транспарентност ќе се оствари со преземање на низа мерки како што се надградба на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) што ќе овозможи обележување на јавните набавки поврзани со кризната состојба за пандемијата, надградба на порталот Отворени финансии со делот КОВИД-19, и со дополнување на веб-страницата koronavirus.gov.mk за објавување на податоци поврзани со фискална транспарентност со кризата КОВИД-19, на кои освен податоците добиени од ЕСЈН и податоци од порталот Отворени финансии, ќе се објавуваат и останати податоци кои не се достапни на овие електронски системи“, соопштија од владата.

Поврзани новости