Владата ја запре продажбата на мерцедесот

by fokus

Владата на денешната седница ја стави во мирување продажбата на „мерцедесот“ вреден 600.000 евра што го набави претходнтата влада, со цел да осигури дека никој нема да ја искористи оваа постапка за да избегне одговорност во судскиот процес каде ова возило е материјален доказ.

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски по завршувањето на седницата изјави дека е прекината постапката за измена на Планот за управување со Националниот парк „Галичица“ и се утврдени и имплементирани препораките на УНЕСКО со кои Охрид останува светско културно наследство.

 

Поврзани новости