Владата ја разреши Јасна Мандиќ од Советот за соработка со граѓански сектор

by Fokus

Владата донела решение за разрешување на Јасна Мандиќ како член на Советот за соработка со граѓанскиот сектор, тело формирано како една од првите одлуки на актуелната власт во мај 2016 заради подобрување на соработката со невладините организации, пишува Фактор.

Станува збор за потпретседателката на контроверзниот „Меѓународен сојуз“ кој го водеше заедно со Бојан Јовановски, првообвинет во случајот „Рекет“.Мандиќ воедно беше и директорка на телевизијата 1ТВ и е осомничена во вториот дел од истрагата на обвинителството.

Oд должноста членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор на предлог на организациите, покрај Јасна Мандиќ, како член во областа „Заштита на маргинализираните лица“, се разрешуваат уште Бесим Небиу на негово барање, како и Мимоза Богданоска Јовановска и Љупчо Петковски, додека за нов член се назначува Теодора Столевска од Младински образовен форум.

Мандиќ во 2018 стана дел на две владини тела – член на Советот за соработка и развој на граѓанскиот сектор, а потоа и на Национално  координативно тело за правата на лицата со попреченост.

Соработничката на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, Јасна Ерцеговиќ Мандиќ, беше една од сопствениците на Меѓународниот сојуз, Една од основачите на оваа организација е позната по тоа што беше обзнането во аферата дека струшкиот бизнисмен Ардијан Амзоски и префрлил 233.000 евра на нејзината сметка.

Поврзани новости