Владата донесе одлука да се одложи имплементацијата на програмата „Кембриџ“ во средното образование и учениците од септември ќе продолжат да учат според старата програма.
-Владата одлучи да биде одложена имплементација на Кембриџ програмата, односно на наставните планови и програми за прва година на гимназиското образование, средното стручно четиригодишно образование и за средното стручно тригодишно образование, соопшти Владата по денешната седница.
Од Владата додаваат дека министерството за образование и наука е задолжено да го одложи започнувањето на имплементација на новите наставни планови и програми по наставните предмети математика, физика, хемија и биологија за прва година на гимназиско образование, за прва година на средно стручно четиригодишно образование и за средното стручно тригодишно образование во сите средни училишта.