Владата ја казни директорката на МНТ за инцидентот со „Шверцери“

by fokus

Владата на денешната седница донесе одлука да ја казни директорката на МНТ, Симона Угриновска за инцидентот со навивачката група „Шверцери“ кога се однесуваа недолично и искршија дел од инвентарот.

-Владата го задолжи Министерството за култура во соодветна постапка да ѝ наложи на директорката на МНТ од организаторите на настанот да побара надомест на штетата направена за време на настанот, а на директорката да и биде изречена казна со намалување на платата за 15 проценти во траење од 3 месеци затоа што направила пропуст и дала согласност за отстапување на МНТ без писмен договор, соопштија од Владата.

Поврзани новости