Државната комисија за спречување на корупцијата од Владата добила информација дека Договорот за државна помош со ТЕТО АД ќе биде раскинат, откако антикорупциската комисија укажала на неутврдени недостатоци, информира денеска претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.
На седница на ДКСК, Ивановска информираше за предметот за наводи за злоупотреба на државна помош на ТЕТО АД помеѓу Владата и ова друштво, која се состои во одложување на плаќање даночен долг, односно данок на добивка од 15 милиони евра за 2018 година. Добивката не е резултат од редовното работење туку од план за реорганизација на АД ТЕТО приложен поради стечајната постапка на фирмата согласно кој извршен е отпис во износ од 90 проценти од побарувањата на доверителите на ТЕТО., а тоа е 151.464.932 евра.
-До Владата се доставени неколку предлози со барање за државна помош најпрво за претпријатие со потешкотии, со одлагање на обврската за плаќање данок на добивка во износ од 884.277.543 денари и тоа по успешното завршување на планот за реорганизација, односно по девет години, а потоа побарана е државна помош за проект од значаен економски и интерес во вид на одлагање на доспевањата на долгот. Значи во текот на целиот овој процес имаат поднесено различни барања. Договорот по цела година од потпишувањето не е функционален, а ТЕТО се уште се води како должник, рече Иваноска.
Таа додаде дека за утврдување на фактичката состојба побарани се информации и одговори од повеќе институции и побарани се документи од надлежни тела, а одржана е и линковска средба со премиерот Заев како потписник на договорот во име на Владата.