Владата ја донесе мерката за одложено плаќање на кредитите

by fokus

Владата донесе повеќе уредби за олеснување на финансиската изложеност на граѓаните и компаниите во услови на криза, меѓу кои и за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците.

– Со неа се утврдува како во текот на вонредната состојба да се остварат можностите дадени со регулаторните измени донесени од Народната банка, насочени кон олеснување на финансискиот товар на граѓаните и на фирмите коишто заради корона кризата се соочуваат или би можело да се соочат со реални потешкотии во исплатата на кредитите во банките и штедилниците. На Уредбата работеа Народната банка, Министерството за финансии и Македонската банкарска асоцијација, соопшти владината прес-служба.

На владината седница е донесена Уредба со законска сила за примена на законот за буџетите за време на вонредна состојба, со која се дава поголема флексибилност на буџетските корисници при управувањето и користењето со планираните средства, односно се овозможува поефикасно делување во справувањето со епидемијата.

Поврзани новости