Владата издвојува 6 милиони денари за истражување – зошто дел од заразените со Ковид-19 поминуваат лесно, а зошто други завршуваат фатално?

by fokus

Владата ќе обезбеди 6 милиони денари за купување на реагенси и потрошен лабораториски материјал за потребите на Институтот за имунобиологија и хумана генетика на Медицинскиот факултет со коишто ќе се истражува зошто кај дел од пациентите со Ковид-19 вирусот поминува лесно, а зошто дел од нив завршуваат со тешка болест или со фатални последици.

Овие средства биле одобрени на денешната седница за научниот проект „Имуногенетски профил на пациенти со тешка клиничка слика на КОВИД-19“ кој ќе опфати анализа на најмалку 100 пациенти со тешка слика на болеста како и членови на нивни семејства и околу 1000 пациенти со прележан Ковид–19.

Овој проект треба да одговори на повеќе прашања, од кои најважно е зошто кај некој луѓе таа поминува како безопаснo, а кај други може да биде исклучително тешка и дури и фатална, соопштија од Владата.

Поврзани новости