Владата на денешната трета седница донесе одлука за именување на нови кадри и разрешување од должност на национални координатори. Во однос на нови именувања во државните институции на владина седница се донесе одлука за назначување на:
Васе Анакиев се именува за вршител на должноста директор на Државниот инспекторатот за земјоделство. Анакиев е дипломиран инженер агроном и магистер на економски науки, со работно искуство во Министерството за шумарство и водостопанство. Бил претседател на Комисијата за доделување на земјоделско земјиште.
Весела Честоева, се именува за вршител на должноста директор на Управата за заштита на културното наследство. Честоева дипломирала на Институтот за Историја на уметноста и Археологија при филозофскиот факултет во Скопје и магистрант на Институтот за национална историја. До 2024 година е директор на ЈОУ Вински музеј за регион Тиквеш- Кавадарци, а претходно и директор на НУ Археолошки музеј на Македонија – Скопје, како и пратеник во Собранието.
Иван Живковски се именува за в.д. директор на Агенцијата за катастар на недвижности. Живковски има магистрирано на тема „Правниот статус на Агенцијата за катастар и недвижности како државен орган“, а има дипломирано на правиот факултет „Јустинијан Прв“ во Скопје. Работи како адвокат. Во минатото бил и претседател на Студентскиот парламент на УКИМ и има учествувано во повеќе органи на управување.
Данијел Апостолоски се избира за управител на Друштво за изградба, управување и издавање на повеќенаменска Сала Борис Трајковски ДООЕЛ Скопје. Апостолоски е дипломиран професор по физичка култура и магистрант на Факултет за менаџмент на човечки ресурси при Универзитет за туризам и менаџмент – Скопје. Има работно искуство во ДСУ „Спортска академија“ Скопје.
Амет Зибери се именува за в.д. заменик на директорот на Агенцијата за катастар на недвижности.
Даут Мемеши се именува за в.д. директор на Бирото за регионален развој.
Рефик Џемаили се именува за в.д. директор на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија.
Александар Донев се именува за в.д. директор на Управа за сигурност во железничкиот систем.
Диме Ратајкоски, на предлог на министерот за култура се именува за директор на Културно-Информативен Центар на Република Северна Македонија во Истанбул, Република Турција. Ратајковски е магистрант на катедра за Историја на УКИМ, а работи како новинар и уредник во МРТВ на Културно-документарна програма и автор и сценарист на документарни филмови.
Мими Ѓоргоска Илиевска, на предлог на министерот за култура се именува за директор на Културно-Информативен Центар на Република Северна Македонија во Загреб, Република Хрватска. Ѓоргоска Илиевска е магистер по филолошки науки, универзитетски професор и експерт за заштита на аудиовизуелното наследство. Има повеќе од 20 години работно искуство во филмската дејност и дејноста на заштита на аудиовизуелното наследство. Член е на Европската филмска академија, а има раководено со Агенцијата за филм и Н.У. Кинотека.
Васко Шутаров, на предлог на министерот за култура се именува за директор на Културно-Информативен Центар на Република Северна Македонија во Белград, Република Србија. Шутаров дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград, на насоката по дипломатија. Магистрирал во областа правни науки и применета дипломатија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и докторирал во областа политички науки на истиот универзитет. Бил советник во советот на Општина Гевгелија и пратеник во собранието, а автор е на број научни трудови и книги.
Владата ги разреши националните координатори и тоа:
Владимир Пивоваров се разрешува од должноста в.д. координатор на Националниот координативен центар за гранично управување.
Неби Бејадин се разрешува од должноста в.д. заменик координатор на Националниот координативен центар за гранично управување.
Борче Мирчески се разрешува од должноста в.д. Национален координатор за медијација.
Фатмир Ејупи се разрешува од должноста Национален координатор за социјална заштита и процес на деинституционализација.
Бедри Бехадини се разрешува од должноста Национален координатор за информатика и енергетика.
Фатон Асани се разрешува од должноста Национален координатор за соработка со дијаспора.
Рамадан Рамадани се разрешува од должноста Национален координатор за кохезија.
Владимир Симоновски се разрешува од должноста Национален координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Северна Македонија.
Златко Апостолоски се разрешува од должноста Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам.
Џеладин Тефик Ајвази се разрешува од должноста заменик национален координатор за спречување на насилен екстремизам.
Златко Арсов се разрешува од должноста заменик национален координатор за борба против тероризам.
Роберт Алаѓозовски се разрешува од должноста Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка.
Магбуле Амети се разрешува од должноста Национален координатор за здравство.
Д-р Маја Мосјова Мијовска, на предлог на министерот за здравство се разрешува од должноста Национален координатор за трансплантација.
Д-р Билјана Андоновска се разрешува од должноста заменик на националниот координатор за трансплантација.