Министерството за труд и социјална политика и Синдикатот на образование наука и култура ги приближуваат ставовите по однос на барањето на повисоки плати во образованието, рече министерката Јованка Тренчевска.
-Се приближуваме кон ставовите и на двете страни, меѓутоа, ни треба време за да можеме предлозите коишто беа дадени од страна на СОНК и предлозите дадени од страна на Министерството за труд и социјална политика да ги усогласиме внатре во нашите институции и до крајот на неделата верувам дека четврток, петок, ќе го имаме конечното решениe – рече Тренчевска.
Претседателот на СОНК Јаким Неделков е отимист дека е можно да се дојде до решение, но тој потенцира дека доколку тоа не се случи може да има последици на одлуката за прекин или продолжување на штрајкот.
-Може да има последици, доколку не најдеме заедно прифатливо решение, но навистина се движиме во добар правец и надминување на горчливиот проблем за исплата на плати на сите оние коишто беа во штрајк во детските градинки. Убедени сме дека и овој проблем позитивно ќе биде решен до крајот на неделата – рече Неделков.