Владата и „Макпетрол“ се спогодија за гасоводниот систем

by fokus

Владата го разгледа и усвои Предлог-законот за решавање на спорот помеѓу Владата и „Макпетрол“ АД Скопје по пат на спогодба, со заклучок тој да биде испратен на усвојување во Собранието.

– Со Законот за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и „Макпетрол“ АД Скопје по пат на спогодба се решава долгогодишниот спор во врска со утврдување на учеството на секоја од страните во реализација на изградбата на гасоводниот систем во Република Северна Македонија, со што се постигнува надминување на несогласувањата и завршување на сите започнати постапки, соопшти владината прес-служба.

Поврзани новости